Охрид, 18. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Изменувањето на годишниот план за вработување во Општина Охрид за годинава, како и усвојување на измените на програмата за поддршка на локалниот економски развој се меѓу точките по кои денес ќе расправаат членовите на градскот совет.
Советниците ќе расправаат и за проширување на средствата на буџетот на Општина Охрид, како и за решенија од областа на урбанизмот за бесправно изградени објекти.
На дневниот ред се и предлог одлуките за давање на користење и стопанисување повеќенаменско игралиште, еден двоен тениски терен и еден единечен тениски терен, од општина Охрид на ЈП „Билјанини Извори“ и за именување членови во Управниот одбор на ова јавно претпријатие. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17