јули 18, 2017

Охрид, 18. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од денес следува период на стабилно време со постојан пораст на дневната температура, најавија метеоролозите.

По есенското време и ниските температури за овој период од годината што ги имавме деновиве, во Охрид денес времето е сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура до 27 степени, а УВ индексот има вредност 8.

vremenska juli

Во наредените денови температурата ќе расте, а во деновите од викендот на повеќе места ќе надмине 35 степени. УВ индексот во наредните денови повторно ќе има многу високи вредности. (Крај)

извор: УХМР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука