Охрид, 18. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со цел зајакнување на партнерскиот однос со граѓаните, излегување во пресрет на нивните потреби од безбедносен карактер и навремено решавање на безбедносните предизвици и состојби, СВР Охрид отвори полициска канцеларија во населбата Пештани.
Полициската канцеларија се наоѓа во просториите на основното училиште „Св.Наум Охридски“ а ќе биде отворена секој ден во времето од 12:00 до 16:00 часот.
Во овој временски интервал, граѓаните од Пештани и околните населени места ќе можат да остварат директен контакт со полициските службеници, да ги остварат своите права, да изнесат свои ставови за подигнување на степенот на безбедноста на подрачјето и да добијат навремена и точна информација што е предмет на нивниот интерес. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива