јули 18, 2017

Охрид, 18. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – По шести пат годинава, во традиционалниот термин, од 20 до 28 јули во Трпејца ќе се одржи културната манифестација „На зајдисонце“ 2017.

Свеченото отворање ќе биде во четврток од 20:30 часот, со изложбата насловена „Допри ме како што ме допира сонцето“ на Наташа Попоска – Карче, по што ќе следи настапот на нашиот сограѓанин Горан Папаз.

Свои концерти ќе одржат КУД „Гердан“, ансамблот „Билјана“ и градскиот хор „Вокс Лихнидос“, а предвидена е и вечер со актерката Марија Новак.

gedan dva

Ќе има проекција на филмовите „Чиста вода“ на Мунлајт Продукција и Делегеација на ЕУ во Македонија, по сценарио на Јана Коцевска, во режија на Димитар Сеизов и „Танцот на пастрмките“ на нуркачкиот центар „Амфора“, по сценарио и режија на Милутин Секулоски, а предвидена е и презентација НП „Галичица“ – Охрид насловена „Галичица на дофат“.

За „Зависностите на модерното време“, предавање ќе одржат претставници од НВО „Опција“ – Охрид.

sonja plivanje

slikanje trpejca

Во текот на деветте дена ќе ги има и традиционалните школи за пливање, шах и англиски јазик, а ќе биде одржана и кајакарската регата „Номче Митрески“.

На завршниот ден, 28-ми јули ќе се реализира заеднички излет на домаќините и гостите „По патеката Чоколско“.

Организатор на манифестацијата „На зајдисонце“ е Здружението за развој и промоција „За Трпејца со Љубов“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: „На зајдисонце“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука