Охрид, 19. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Секторот за животна средина, денеска во Охрид, организираат јавна расправа – „Студија за оцена на влијанието врз животната средина за Интегриран систем за управување со цврст отпад (ИСУЦО) за југозападен плански регион: Охрид, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа“.
Студијата е подготвена во рамките на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во пелагониски, југозападен, вардарски и скопски регион“.
Целта на јавната расправа е да започне конструктивна дискусија за влијанијата на интегрираниот систем за управување со отпад врз животната средина.
Граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат стручни одговори од страна на експертите, а исто така и да дознаат повеќе за предностите кои ги носи воспоставувањето на ваков вид системи за управување со отпад.
Најавено е дека во расправата ќе се вклучат и екологистите и нивните асоцијации, кои, исто така, имаат што да кажат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива