Охрид, 19. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Џез вечер на фестивалот „Охридско лето“.
На летната сцена Долни сарај концерт ќе одржи „Биг бенд“,оркестарот кој функционира во рамки на Здружението на џез музичари и слободни уметници.
Овој ансамбл премиерно настапи пред јавноста со проектот „Битлси“, управуван под диригентската палка на реномираниот австриски диригент, професор на Универзитетот во Грац, Зиги Фајгл, додека „Биг Бенд“ тековно работи со диригентот Емин Џијан.
Во ова здружение членуваат дел од најреномираните џез-музичари од Македонија, студенти и професори на џез-академиите во Скопје и во Штип, како и слободни уметници, љубители и помагатели на овој вид уметност.
Здружението работи на подобрување на музичката продукција, се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, за афирмирање на џез-музиката преку организирање фестивали и настани што ќе помогнат во негувањето на џез-културата во земјава.
Вечерашниот концерт е со почеток во 20:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива