јули 20, 2017

Охрид, 20. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните делови со локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 30. степени.

– Денес попладне во западните делови од земјава ќе има локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Потоа продолжува периодот на стабилно време со секојдневен пораст на дневната температура, која до вторник во голем дел од земјава ќе надминува 35, а на места ќе достигне и 40 степени. УВ индексот во наредните денови ќе има многу високи вредности, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука