Охрид, 20. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишниот Т.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „семејно насилство“.
– Пријавениот, казненото дело го сторил на 13-ти минатиот месец околу 03:00 часот во семејниот дом во Охрид. Тој, ја разбудил неговата мајка и со нож во рака, започнал да ја навредува упатувајќи и сериозни закани по нејзиниот живот. Во еден момент, Т.С. и го ставил ножот под вратот и продолжил со навредите и заканите кон својот родител со што предизвикал силно чувство на страв, вознемиреност и несигурност кај оштетената, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 17