Избор Струга Хроника

Ја раскинале свршувачката – се обидел насилно да го поврати златниот накит и облеката!

Струга, 20. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Бизарен инцидент во кој се повредени неколку лица се случил синоќа околу 19:00 часот во стан на улицата „Маркс и Енгелс“ во Струга.

– Околу 19:00 часот, 26-годишниот А.И. од струшкото село Корошита, кој бил поранешен свршеник на 26-годишната А.Ш. од Шведска, откако ја раскинале свршувачката, со намера да ги врати облеката и златниот накит, отишол во зградата во која престојува истата со семејството. Откако видел дека влезната врата од зградата била затворена, насилно ја отворил, влегол во станот и физички ги нападнал и А.Ш. и нејзинито семејство и тоа сестра и А.Ш.(18), татко и Ф.Ш.(50) и мајка и Н.Ш. Во еден момент во станот пристигнал и братот на А.И., Љ.И.(31) и истите повторно ги нападнале присутните, а во намерата биле спречени од страна на Ж.М. кој престојувал во истата зграда. Потоа насилството продолжило и пред самата зграда каде сторителите со тупаници го нападнале семејството, при што Н.Ш. паднала во бесознание. Истата со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Медицински центар Струга, каде и е укажана лекарска помош и е задржана за понатамошно лекување, додека Ф.Ш. се здобил со телесни повреди, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави