Охрид, 20. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Бесплатна работилница за хип-хоп наменета за сите кои што сакаат да се забавуваат ќе се одржи вечерва на Скејт паркот во Охрид.
Организатор е судиото за танци кое работи во рамки на Младинскиот култрно образовен центар „Соната”, во соработка со скопскиот танцов клуб Beatrix, а со поддршка на мобилниот оператор Вип.
– Искуство не е потребно, само желба за добра забава и танцување, велат организаторите.
Заинтересираните се пријавуваат на местото на настанот, а во рамките на истиот ќе се одржи hip-hop battle во кој ќе учествуваат членовите на Beatrix и Соната. Hip-hop battle е натпревар во кој што двајца танчери, еден против друг танцуваат во слободен стил на музика која однапред не име позната.
Настанот е со почеток во 19:00 часот и е поддржан од Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива