јули 21, 2017

Охрид, 21. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала облачност и слаб ветер од североисточен правец.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 31. степени.

– До вторник под влијание на многу топла воздушна маса ќе има секојдневен пораст на дневната температура, која почнувајќи од викендот во голем дел од земјава ќе надминува 35, а на места ќе достигне и 40 степени. УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9. За време на викендот не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во сабота во планинските подрачја. Промена на времето се очекува од вторник кон крајот на денот, информриаат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука