јули 21, 2017

Охрид, 21. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Највкусните „Винчини“ производи, во комбинација со водечките во Охрид „Тамаро“ маркетите и најдобрата локална радио станица во државата Супер радио испраќаат покана до сите охриѓани, но и гостите да бидат дел од забавите кои се предвидени да се одржат на новата хит локација во Охрид – плажа Ambrosia.

– Плажата Ambrosia на 28-ми јули и 4-ти, 11-ти и 18-ти август ќе биде вистинското место за сите кои сакаат проверена забава, летни игри на плажа и во вода, но и многу вредни награди, изненадувања и многу вкусни „Винчини“ производи. Планирано е да се одржат интересни игри во вода и на плажата на Ambrosia, ќе имаме и Дџ и водители, со вклучување во живо на Супер радио и уште многу изненадувања. Сето тоа ќе се снима и ќе се емитува на Тв. Екипите треба да имаат по 5 члена на возраст од најмалку 10 години. Пријавување на e-mail адресата: [email protected] или на телефонот: 075 45 32 95 преку целиот ден, порачуваат организаторите.

superletovincini1Подгответе се за уште едно „Винчини супер лето“ со „Тамаро“ и Супер радио.

Стартот е закажан за петок на 28-ми јули. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука