Охрид, 22. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат концертите во рамки на џез викендот на фестивалот „Охридско лето“.
Во терминот од 21:00 часот ќе настапи Хели Сиекинен од Финска, заедно со камерен оркестар. Таа започнала да учи хармоника кога имала само три години, а веќе на шест години е прогласена за победник на Финскиот хармоникашки шампионат.
Од 22:30 часот пак, вљубениците во џезот ќе уживаат во настапот на бендот Т.А.О. Годинава тие прославуваат три децении постоење и по втор пат се во Македонија, откако во 1988 година во Скопје одржаа успешен концерт.
И двата концерти ќе се одржат на летната сцена Долни сарај. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охридско лето
Прочитано: 18