Охрид, 23. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во време кога фестивалот е во полн ек, Оливер Арсовски е разрешен од функцијата директор на Националната установа фестивал „Охридско лето“.
Одлуката е донесена со решение на надлежното министерство, а неофицијално на негово место, како в.д. доректор е назначена Сузана Вренцовска, досегашен портпарол на оваа престижна манифестација.
Арсовски за порталот сдк ја потврдил информацијата и истакнал дека изминатиот период имал инспекција на Министерството за култура.
Тој беше директор на фестивалот „Охридско лето“ од април 2016 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23