јули 23, 2017

Охрид, 23. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на 29-то издание на културната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде промовирана книгата „16 бугарски поети – избор од современата бугарска поезија“.

Од минатата година оваа манифестација ги прошири рамките и почна да претставува по една национална поезија. Стартуваше со претставувањето на ирската поезија, за годинава тоа да биде бугарската поезија. Во збирката претставени се 16 поети од различни генерации, кои го отсликуваат актуелниот миг во моменталната поезија што се објавува.

Промотор ќе биде проф.д-р Димитар Пандев, а со свои стихови ќе се претстават: Владимир Левчев, Поли Муканова, Аксинија Михајлова и Ани Илков.

Почетокот на промоцијата е во 20:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука