јули 23, 2017

Охрид, 23. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице настрада во инцидентот кој нешто по 18:00 часот се случи на улицата „Будва“ во Охрид.

Неофицијално, лицето кое било на возраст од околу 60 години настрадало во тепачката со уште едно лице, која се случила пред локална продавница.

На немилиот настан му претходела расправија помеѓу двете лица. Очевидци тврдат дека караници помеѓу нив имало и претходно. Додека лицата се расправале, на местото на настанот пристигнал и синот на едно од лицата, кој според сведоците, му нанел смртоносни удари на лицето кое настрада во инцидентот.

Екипа на СВР Охрид и Јавен обвинител извршија увид на лице место. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука