јули 25, 2017

Охрид, 25. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Тлото под Охрид никако да се смири. Иако со послаб интензитет, земјотресите не престануваат, со што внесуваат дополнителна нервоза и вознемиреност кај охриѓани, кои со овој проблем се борат повеќе од еден месец.

Изминатата ноќ беа регистрирани два земјотреси, првиот со јачина од 3,4 степени по Рихтер, со епицентар во Охрид, на длабочина од 2 километри и уште еден со помал интензитет од 2 степени според Рихтер, на длабочина од само 1 километар. Епицентарот на овој потрес исто така беше во близина на Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука