јули 25, 2017

Охрид, 25. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Љубителите на класичната музика вечерва ќе уживаат во настапот на Александар Синчук на пијано, во рамки на фестивалот „Охридско лето“.

Рускиот пијанист Александер Синчук е лауреат на интернационалните натпревари по пијано. Неговата успешна кариера започнува после освојувањето на првото место на четвртиот интернационален натпревар „Сергеј Рахманинов“ во Москва, 2008 година, по што 19-годишниот пијанист одржал соло рецитал во Њујорк.

Неговиот стил и музички израз го споредуваат со оној на Рахманинов, чии што идеи го восхитуваат и кои совршено ги чувствува и разбира.

Синчук, покрај во Русија, настапува и во Италија, Шпанија, Австрија, Србија и во други земји, а добитник е и на многу награди – Prix Du Piano Interlaken Classics, во Берн, 2013 година и 9-от интернационален наптревар за млади пијанисти во чест на Владимир Хоровиц, во Киев, 2012 година.

Почетокот на вечерашниот концерт е во 20:30 часот, во катедралната црква „Св. Софија“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука