Охрид, 25. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од октомври годинава во Охрид ќе почне да функционира Академија за програмирање, која беше промовирана викендов.
Отворањето на академијата е на иницијатива на Seavus едукативниот и развоен центар во рамки на проширувањето на мражата на дејствување, како и поради големиот интерес за оваа програма.
Заинтересираните, кои својата иднина ја гледаат во ИТ индустријата, се запознаа со тимот на академијата и програмата за работа.
Академијата за програмирање, односно развој на веб технологии е комбинација на последните веб технологии и традиционалниот пристап во изучувањето на компјутерските науки. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21