Охрид, 25. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за образование и наука ги објави прелиминарните резултати од конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови.
Во охридскиот ученички дом „Ванчо Питошески“ примени се вкупно 94 средношколци од прва до четврта година. Согласно конкурсот, предвидени беа 135 легла, што значи сега остануваат слободни уште 41 кревет.
По завршувањето на рокот за поднесување приговори, во четврток, 27-ми јули, ресорното минситерство ќе ја објави конечната листа на примени ученици во јавните ученички домови.
Доколку во некој дом останат непополнети сместувачките капацитети, електронското пријавување ќе биде активно од 28-ми јули до 4-ти август или се додека има слободни места. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива