јули 26, 2017

Охрид, 26. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР  Охрид поднесе кривична пријава против 25 годишниот И.П. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „задоволување полови страсти пред друг на јавни места”.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 28-ми јуни оваа година  во 10 часот и 45 минути во влез од зграда на булевар „Туристичка” во Охрид. Половото дејство на јавно место, пријавениот го извршил откако во влезот од зградата забележал девојка која била во близина на поштенските сандачиња по што и се приближил и започнал да ја допира. Таа го оттурнала сторителот, а набрзо по пријавувањето на настанот, полициските службеници го пронајдоа и приведоа во полициската станица. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива  

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука