Охрид, 26. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска до 30-ти јули во хотелот „Метропол“ ќе се одржи манифестацијата „Охридско еко лето“, во организација на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“.
Охридското крајбрежје и планината Галичица се ризница на културно наследство и археолошки локалитети, но и подрачја со исклучителни природни вредности, ендемски и ретки видови флора и фауна.
Токму затоа организаторите одлучиле овој настан да се случува во екот на културните збидвувања во Охрид, во насока на изедначување на важноста на културното со природното наследство. Предвидено е секој ден да биде опфатена различна тема како природата, еко туризмот, справувањето со отпад и одржливо живеење. Настаните ќе се случуваат во периодот од 12:00 до 15:00 часот.
Во рамки на оваа манифестација, ќе бидат изложени и пристигнатите фотографии по објавениот конкурс „Природата Е Секси“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива