Охрид, 26. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Следниот месец Охрид ќе биде домаќин на Школата за фудбал на шпанскиот гигант Барселона.
Школата ќе се одржува во периодот од 21-ви до 27-ми август, а тренинзоте ќе се одржуваат на на новиот терен со вештачка трева и на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“.
Учество може да земат деца на возраст од 6 до 16 години, а пријавувањето е до 10-ти август.
Котизација за учество на кампот изнесува 19.700 денари, а во износот вклучени се тренинзите, осигурување од повреди, хотелско сметување 7 дена со вклучен доручек, ручек, вечера плус ужина и пијалок, спортска опрема, транспорт на учесниците на кампот од хотел до терените и назад, како и аниматори во хотелот за цело време на одржување на кампот.
Пријавување се врши на е-маил: [email protected] (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива