јули 26, 2017

Охрид, 26. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – КУД „Охриѓанка“ продолжува со успешните настапи, претставувајќи го македонскиот фолклор надвор од нашите граници.

Членови од друштвото учествуваа на 63-то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Минтурно 2017” во Италија.

На фестивалот учествуваа, покрај од земјата домаќин и ансамбли од Мексико, Молдавија, Чиле. Освен во градот Минтурно, настапи имаше и во Наполи, Бусо и други места. Во рамки на гостувањето, тие биле примени и од градоначалникот на Минтурно.

kudohrigjanka2

Ова беше одлична можност за претставување на нашето фолклорно богатство и секако дружење и запознавање на различните култури и традиции, велат од „Охриѓанка“.

КУД “Охриѓанка” постои од 2006 година. Во состав на друштвото влегуваат група за народни ора, детска група за народни ора, оркестар и музичка школа за млади таленти.

Во досегашното постоење друштвото има учествувано на бројни домашни и меѓународни фестивали. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: „Охриѓанка“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука