јули 26, 2017

Охрид, 26. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Уште една смена на директор во установа од областа на културата во Охрид.

Со решение на Министерството за култура од директорската функцијата во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид е разрешена Александра Белевска, која раководеше со установата од 2011 година.

На нејзино место за в.д. директор е именувана Гордана Змејкоска, која доаѓа од редот на вработените. Таа повеќе од две децении е работи во охридската библиотека во делот за стручна обработка на книжниот фонд.

Досега од челните позиции во установи од областа на културата во Охрид се разрешени Оливер Арсовски, Тања Паскали Бунташеска и Горан Стојаноски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука