Охрид, 27. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локални краткотрајни врнежи пд дожд и појава на грмежи, особено во северните и западните делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
УВ индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 25. степени.
– Од петок ќе настапи стабилизација на времето со повторен пораст на дневната температура, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 33