јули 27, 2017

Струга, 27. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – По претходно изречена опомена од Основниот суд во Струга и поднесени пријави за илегален влез и нелегална работа во Република Македонија, полициската станица од Струга, со решение изврши протерување на 11 албански државјани, на кои им е изречена забрана за влез во државата во рок од една година.

Тие неколку дена живееле на просторот на струшката дива депонија каде имале изградено импровизирано живеалиште и каде одредено време собирале пластичен отпад на тој дел, рече портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Посебен тим на полициски службеници сеуште ги утврдуваат околностите дали нивното присуство и делување на подрачјето е дирекно поврзано со палењето на депонијата. Она што ќе произлезе од нивната натамошна работа, ќе биде предмет и на полицијата и Јавното обвинителство, истакна Димоски.

stefandimoskipres

Единаесетте албански државјани, по полициски пат се пренесени до граничен премин и протерани од земјата.

Инаку дивата депонија и на средина на летото и во шпицот на туристичката сезона го прави неподнослив животот за за граѓаните, но и за многубројните гости. Според последните податоци оттаму, депонијата во моментов тлее. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука