јули 27, 2017

Охрид, 27. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Светски познатите диџеи „Afrojack“ и „Hardwell“како и легендарната балканска музичка атракција „Бијело Дугме“ ќе настапат на второто издание на „Ohrid Calling 2017“ што ќе се одржува на 1-ви и 2-ри и 4-ти август на стадионот „Билјанини извори“.

– Овој фестивал за кратко време стана препознатлив бренд во Македонија и на Балканот, рече Ивана Нолчева Плавевска, ПР на Авалон продукција.

– Ваквите настани го етаблираат Охрид на мапата на фестивалски градови. Верувам дека од година во година фестивалот ќе добива на квалитет, масовност и популарност, рече раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов.

afrojack_i_hardwell_640x360Денис Илиоски од продукцијата „Авалон продукција“ истакна дека продажбата на билетите за концертите во склоп на вториот „Ohrid Calling“ оди мошне добро. Интерес за посета на Охрид пројавиле голем број гости од цела Европа, така што се очекува за време на фестивалските денови Охрид да биде полн со туристи.

За загревање на атмосферата на први август ќе настапатDuoZ  и специјалниот гостин Kortexx, а забавата ќе биде заокружена со сетот на охриѓанецот DJ Alexandar. На втори август пак, поддршка на Hardwell ќе дадат Cyrillic и Galoski.

djalexandarОрганизаторите се децидни дека ќе се направат напори во рамките на овој фестивал да има повеќе настани и од следната година да има и дисперзирани датими, да не е опфатен само периодот околу празникот Илинден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука