Охрид, 27. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Судот денес донесе одлуката да се укине притворот на Бојан Угреновичќ од Кралјево, српскиот турист кој на новогодишната ноќ лани, на смрт го претепа охриѓанецот Димитар Матилоски.
Одлуката се должи на истеувањето на максималниот зкаонски рок за притвор. И по две години македонското судство не успеа да го реши случајот. Угреновиќ ќе се брани од слобода, а му се дава и можност и за бегство. Оваа одлука на судот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Најмногу се критикува судството, особено Битолска апелација која го врати случајот на повторно судење.
Откако првично во првото судење, Угреновиќ, призна дека го убил Димитар, сега на повторното судење кажа дека не се чувствувал виновен. Со овој исказ судењето се врати на сам почеток. Одново ќе се повикуваат сведоци. Оштетените стравуваа и се сомневаа дека одбраната на обвинетиот од сам почеток тактизираше, за одовлекување до повторна пресуда, за да заврши законскиот рок за притвор, по што убиецот ќе може да се брани од слобода.
Семејството, роднините, пријателите со месеци јавно кажуваа дека може да дојде до укинување на притворот, односно смртта на невиното момче да помине неказнето.
– Како полномошник бев крајно изненаден од укинувањето на првостепената пресуда од страна на Апелациониот суд во Битола и враќањето на предметот на повторно судење. На претходното судење обвинетиот ги искористи можностите и го призна крвичното дело за кое се товареше. Ние како оштетени немавме никакво законско овластување да менуваме нешто и прифативме такво признание на вина. Сега со укинувањето на пресудата опасноста е што истекува законскиот рок за максимален притвор на обвинетиот до завршување на главна расправа, по што тој може да биде пуштен на слобода, изјави Мујоски.
Продолжението на главната расправа претседателката на советот, судијата Весна Кичеец го закажа во три термини и тоа 19-ти, 26-ти септември и 3-ти октомври, на кои судот ќе ги повика сведоците од обвинителството и ќе се врши непосредно испитување. Случајот кој ја потресе пошироката јавност минатата година, повторно се врати во судница откако битолска апелација ја отвфрли одлуката на судијката Весна Кичеец од казна затвор во времетраење од 16 години, донесена во декември лани.
Охриѓани, но и пошироката македонска јавност отворено бараат максимална казна за убиецот. (Крај)
извор: ОхридНет фото: архива