Охрид, 28. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Барокниот оркестар „Армониа Атенеа“ од Грција вечерва ќе одржи концерт за љубителите на класичната музика, во рамки на фестивалот „Охридско лето“.
Оркестарот ќе настапи под диригентската палка на Џорџ Петроу, а како солисти ќе настапат Реј Ченез, контратенор, САД Маргарити Мурсини, сопран, Грција и Игор Дурловски, контратенор, Македонија.
Концертот ќе се одржи во црквата Св.Софија со почеток во 20:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17