јули 28, 2017

Охрид, 28. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со настапот на ансамблот „Билјана“ од Охрид вечерва од 20:30 часот во туристичката населба Трпејца ќе биде заокружено шестото издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“.

Во текот деветте дена мештаните и туристите уживаа во одлично концепираната програма во која според организаторот, здружението „За Трпејца со љубов“ имаше настани за сите од 7 до 77 години.

vokslihnidos

Синоќа трпејчани и туристите уживаа во несекојдневниот и прекрасен настап на охридскиот мешан градски хор „Вокс Лихнидос“, кој изведоа духовни композии, како и народни песни прилагодени за хорска изведба.  Настапи и хармоникашот Петар Кочоски од Велестово кој лани на светскиот натпревар по хармоника во Русија беше меѓу 12 најдобри хармоникаши во светот во својата категорија.

nazajdisonce trpejca

На годинашното „На зајдисонце“ во Трпејца, се одржаа предавања, работилници, проекции на филмови, концерти, како и традиционалните школи за пливање, англиски јазик, шах, потоа кајакарска регата, а поголема група вљубеници во пешачењето заеднички ја поминаа патеката „Чоколоско“ која е дел од Националниот парк „Галичица“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука