јули 29, 2017

Охрид, 29. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од 1-ви јули годинава се спроведува новиот правилник  т.е критериум за пресметување на сметководствените услуги донесен од страна на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.

Од Здружението на сметководители од Охрид го известува бизнис секторот и сметководителите кои се со седиште на подрачјето на Општините Охрид и Дебрца дека доколку не се спроведе новиот правилник, за тоа ќе биде информирана дисциплинската комисија на Институтот.

Инаку, ставот на охридското Здружение на сметководители е дека со новиот тарифник ќе се реши најголемиот проблем со кој се соочуваат низ годините, а тоа е нелојалната конкуренција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука