Охрид, 30. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице е спасено од давење во водите на Охридското Езеро попладнево на плажа во комплексот „Горица 1“.
Екипа на Брзата помош итно го пренела лицето од плажата во Општата болница во Охрид.
Неофицијално, станува збор за помладо лице кое претходно скокнало од мост на плажата и при инцидентот се здобило со повреди на главата. (Крај)
извор: Охрид1 фото: Охрид1
Прочитано: 21