Охрид, 31. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, годишниот одмор ќе го користи од 3-ти до 6-ти август, и со своето семејството ќе престојува во Охрид.
Од неговата прес служба информираат дека, доколку дозволуваат работните обврски, тој ќе искористи и дел од викендите во текот на август за престој во Охрид.
Веќе традиционално и претседателот Ѓорге Иванов во текот на летните месеци престојува во неговата летна резиденција во Охрид, со што градот под Самуиловата тврдина, од туристички и културен, деновиве ќе прерасне и во политички центар на државата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 32