јули 31, 2017

Охрид, 31. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Очекуваме трите концерти во рамките на вториот Ohrid Calling да привлечат голем број посетители, не само од Република Македонија, туку од целиот регион, изјави во денешното издание на емисијата „Радио Корнер“ на Супер радио Ивана Нолчева Плавевска, официјален PR на Авалон продукција.

– Најавени се голем број посетители од Холандија, но и од регионот. Нашите планови се Ohrid Calling да се етаблира на мапата на најатрактивни вакви настани во Европа. Целта е од следната година, настаните да не се сконцентрирани само околку празникот Илинден, туку да направиме Охрид да биде концертно атрактивен и во останатиот период. Оваа година подготвивме досега најголема и најспектакуларна сцена, многу пиротехника, најсовремено осветлување и ласерски ефекти. Сцената е веќе е подготвена, организациските активности финишираат и веруваме дека овој настан долго ќе се памети, порача Нолчева Плавевска.

ivanaavalonkorner2На 1, 2 и 4 август, на стадионот „Билјанини извори“, ќе настапат светски познатите диџеи Afrojack и Hardwell, како и легендарната балканска музичка атракција „Бијело дугме“. За загревање на атмосферата, на 1 август ќе настапат DuoZ и специјалниот гостин Kortexx, а забавата ќе биде заокружена со сетот на охриѓанецот DJ Alexandar. На 2 август поддршка на Hardwell ќе дадат Cyrillic и Galoski. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука