Охрид, 23. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Кон 25-те вработени во германскиот инсудстриски гигант ОДВ Електрик ќе се приклучат уште 75 нововработени, а до крајот на 2016 година треба да се вработат уште 100 луѓе.
Како што соопшти менаџерот на компанијата Огнен Цубалески, веќе бил реализиран првиот инвестициски циклус вреден еден милион евра, а на почетокот на годинава, во постоечкиот објект била пуштена и првата линија за сериско производство во која се ангажирани 25-те работници.
– Според планот до април месец ќе пуштиме во погон уште три линии и вкупно годинава ќе ангажираме 75 високо обучени работници, нагласи Цубалески.
Како што додаде тој, плановите на ОДВ Електрик се идната година да почне со изградба на нов капацитет во технолошко- индустриската развојна зона меѓу Охрид и Струга. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива