Охрид, 2. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Празникот Илинден Охрид ќе го помине со сончево и многу топло време, со слаб до умерен североисточен ветер и температура која ќе го достигне 34. степен од Целзиусовата скала.
– Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. И денеска подрачјето на Македонија ќе биде во жолта фаза, а веќе од утре некои региони ќе ги исполнат условите за портокалова фаза на опасност од топлотни бранови. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9, информираат од УХМР Македонија.
Според последните мерења, температурата на водата во Охридското Езеро изнесува 25 степени. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 26