Охрид, 2. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува музичкиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва со два концерти.
Во рамки на шведската вечер, ќе настапат дватасопрани, близначките Билјана Стафансон и Љилјана Јовановиќ. Публиката ги памети како „чудо од деца“ од времето кога на само 9 госишна возраст на телевизија го исполниле дуетот од Моцартовата „Волшебна флејта“. Често настапуваат на заедно на европските сцени, пеејќи на повеќе јазици. Нивниот богат концертен и оперкси репертоар содржи дела од Белини, Шопен, Моцарт, Верди, Доницети, како и дела од нордиски и други композитори. Вечерашниот концерт е со почеток во 20:30 часот, во црквата „Св. Софија“.
На истата локација, во терминот од 22:00 часот, ќе настапи Сандра Јакоповиќ од Србија. Таа уште на 5 години започнала да свири пијано. Освојува бројни награди и признанија, од кои едно од најзначајните е „Гран При“ на натпревар во Женева, кога имала само 10 години. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива