август 2, 2017

Охрид, 2. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Древниот Охрид и прекрасното Охридско Езеро се највредните места во Македонија според Vouchercloud од каде составиле мапа која ги покажува најинтересните работи кои би требало да ги видите во секоја земја на светот.

Дестинациите се поделени во зависност од тоа дали се природни или културни споменици. Па така има 97 земји, со дури 76 природни атракции (кои се означени со розева боја на картата), 54 се историски атракции (означени со зелена боја), 29 земји со религиозни атракции (со крем боја) и 38 со таканаречени туристички атракции (означени со виолетова боја).

Во САД се препорачува да се посети „Central Park“ во Њујорк, а во Кина се разбира, Кинескиот ѕид. Во Велика Британија задолжително се советува да се посети студиото „Хари Потер“, во Белгија познатата „Grand“ палата, а во Шпанија Бализиката „Саграда Фамилија“.

Италија е позната по Колосеумот, а Франција по музеите, додека Естонија, Летонија и Литванија се познати по старите делови од своите главни градови.

Земјте на Балканот исто така се наоѓаат на листата. Во Словенија доминира езерото Блед, во Хрватска ѕидините од старите градови, во Црна Гора Которскиот залив, во Србија Калемегдан, Босна и Херцеговина галеријата 11/7/95, а во Македонија, се разбира се издвојува Охрид и Охридското Езеро. (Крај)

извор: Факултети.мк фото: Vouchercloud

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука