август 3, 2017

Охрид, 3. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево е спасен давеник од водите на Охридското Езеро, на потегот пред хотелот „Палас“, кај малото пристаниште.

Очевидци денес за Супер радио и OhridPress истакнаа дека станува збор за машко лице кое влегло во водите на езерото, но најверојатно поради слабите пливачки вештини, набргу почнало да се дави.

Присутните го извлекле од водата, по што повикале екипа на Брза помош, која го пренесла до најблиската болница.

Наскоро повеќе информации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука