Охрид, 4. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со настапот на групата „Бијело дугме“, вечерва на стадионот „Билјанини извори“ ќе биде заокружено второто издание на фестивалот „Ohrid Calling“.
Откако пред неколку месеци одржаа спектакуларен концерт во Скопје, овој пат, после подолго време, Горан Бреговиќ, Младен Војичиќ-Тифа и Ален Исламовиќ ќе настапат под отворено небо.
Организаторите, „Авалон продукција“, најавија дека вечерашниот концерт ќе биде по сите светски стандарди и ќе трае повеќе од два и пол часа. Почетокот е закажан за 22:30 часот.
Цените на влезниците се движат од 600 денари за партер, 900 за фан-пит, а ВИП-картите чинат 1.500 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 38