Охрид, 23. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Во Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ од Охрид во понеделник, 26-ти јануари ќе се спроведе екстерно проверување на учениците од четврта година.
Од училиштето го објавија распоредот за тестирање по предмети. Учениците ќе ги полагаат предметите: македонски јазик и литература, англиски јазик (прв странски јазик), германски јазик (втор странски јазик), математика, како задолжителни наставни предмети.
Ќе се полагаат и изборните предмети: историја, психологија, хемија, програмски јазици, филозофија, економија, логика, физика, бизнис и претприемништво.
Учениците можат да се информираат за училницата во која ќе полагаат, на официјалната интернет страница на училиштето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива