август 5, 2017

Охрид, 5. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за здравство именува нови директори во некои од охридските Јавни здравствени установи.

За директор на Општа болница – Охрид е назначена Славица Малеска – Стојадиновиќ, магистер специјалист по фармацевтска технологија, која има подолг работен стаж во охридската болница.

На местото на д-р Митко Тилевски во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, доаѓа ортопедскиот хирург д-р Ацо Велески.

И Специјалната болница за превенција, лекување и рехабилитација од кардиоваскуларни болести „Свети Стефан“ доби нов директор. На оваа функција именувана е д-р Гордана Донеска, специјалист по општа пракса.

Во Центарот за јавно здравје – Охрид пак, за прв човек е назначен д-р Сашо Точко, специјалист по санитарна хемија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука