август 6, 2017

Охрид, 6. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Согласно одлуката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостапнство за целосна забрана за движење низ чумите, без оглед на нивната намена, од ЈУНП „Галичица“ информираат дека е на сила забраната за секакво движење низ шумата во границите на паркот.

– Се забранува напуштање на регионалните и локалните асфалтни патишта кои се низ територијата на паркот. Се забранува секакво движење (пешачки, велосипедски и диви патеки) низ шумата во паркот. Не е дозволено палење на оган на отворен простор во границите на паркот во овај период, нити на места означени за тоа. Посетители кои влегуваат и се движат по асфалтните патишта ќе бидат легитимирани од страна на соодветни служби на паркот и ќе биде евидентиран нивниот престој. Посетителите се должни да ги почитуваат упатствата на вработени кои патролираат низ паркот со цел да се помогне да се зачува паркот од појава на шумски пожари. Секое кршење на овие одлуки ќе биде санкционирано со парична казна за прекршителот, информираат од ЈУНП „Галичица“.

galicicapozariДодаваат дека важноста на одлуката ќе трае се` до нејзиното отповикување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука