август 8, 2017

Охрид, 8. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и многу топло, во попладневните часови со умерена облачност и со локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 35. степени.

– До петок под влијание на многу топла воздушна маса, времето ќе биде претежно стабилно и многу топло. Денес во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9. Промена на временската состојба се очекува од сабота, кога ќе има зголемување на облачноста и локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува и засилен ветер, најпрво од југозападен, а во недела од северен правец, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука