Охрид, 8. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во Скопје ќе се одржи спортскиот настан на годината, финалето на Супер купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
За сите кои од било кои причини не успеале да набават билети за да го гледаат во живо овој спортски настан, испраќаме покана за супер дружба во кафе бар Аквариус во Охрид.
– Дојдете сите заедно да го гледаме финалето на Супер купот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид во друштво на ладен Златен даб, но и многу други награди за сите посетители. Во организација на Тамаро и Супер радио, заедно со Златен даб, ќе гледаме врвен фудбал, но и ќе се наградуваме. Имаме многу вредни награди за посетителите – 2 таблети, 20 маички, многу пиво и многу други вредни награди. Почетокот е стандардно во 20 часот и 45 минути, порачуваат организаторите.
Во пресрет на УЕФА Суперкупот меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, едни од најголемите фудбалски клубови во светот, Скопје со полна пареа ги реализира и последните подготовки за активностите. Скопското Кале неодамна го доби својот Суперкуп сјај, а навивачката еуфорија се очекува да ги исполни улиците на Скопје во деновите кои претстојат, а истата дефинитивно ќе кулминира на 8-ми август кога очите на јавноста и љубителите на фудбалот од целиот свет ќе бидат упатени кон Македонија.
– Се гледаме во Аквариус на супер фудбал, супер дружба и супер ладен Златен даб. Уште и многу вредни награди, се` заедно гаранција за една незаборавно помината вечер. Вечерва од 20:45 часот, порачуваат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива