Струга, 8. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Непознат сторител, вчера во периодот од 14:00 до 16:00 часот извршил кражба бо стан во сопственост на 57-годишниот А.С. на улицата „ЈНА“ во Струга.
Сторителот одзел пиштол „ЦЗ-99“ со две рамки и 26 куршуми калибар 9 мм, кој А.С. го поседувал со дозвола, како и разновиден златен накит (белегзии, ланчиња, прстени) и пари.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 28