Охрид, 8. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Стара куќа во текот на денешниот ден се урна врз автомобил паркиран во непосредна близина во стариот дел на Охрид.
Охридската О2 телевизија информира дека нема повредени лица во инцидентот, но дека е предизвикана поголема матријална штета и вознемиреност кај жителите на Месокасто.
– Станува збор за многу стара куќа кој во моментот на незгодата била во многу лоша состојба. Жителите постојано алармираа дека се плашат и да поминуваат покрај неа, но и покрај апелите никој до овој момент не превзеде ништо, јави телевизијата. (Крај)
извор: О2 телевизија фото: О2 телевизија
Прочитано: 24