август 9, 2017

Охрид, 9. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во јужните делови ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 35. степени.

– До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Денес и утре во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во јужните делови. Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе биде висока. Преку ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука