август 9, 2017

Охрид, 9. август 2017 (ОХИРДПРЕС) – Едно лице е повредено во силната експлозија која одекна синоќа, нешто пред 23:00 часот во стан во населбата „Далјан“ во Охрид.

Експлозијата се случила во зграда на улицата „Сатеска“, при што е повреден сопственикот на станот, кој бил итно пренесен во Општата болница во Охрид. По експлозијата настанал пожар, а биле оштетени неколку возила паркирани пред станот.

Со брза реакција на противпожарната единица, пожарот бил локализиран. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука